![]() |
|
|
СЕМИНАР ЗА ПЛАНИНСКИ ТУРИЗАМ И ПРОФЕСИОНАЛНИ ВОДАЧИ ВО ПЛАНИНА - Попова Шапка, 4 - 6 Јуни 2010 година.
Во периодот од 4 до 6 јуни 2010 година на Попова Шапка, во планинарскиот дом Смрека, ќе се одржи меѓународен семинар за водачи во планина и планински туризам со следниве работни теми: 1. Планинскиот туризам во Република Македонија - потенцијали, можности, проблеми и перспективи. 2. Работа со групи на странски клиенти. 3. Промоција на македонскиот туристички производ. Семинарот се организира во соработка со Центарот за регионален развој на туризмот во Европа, со седиште во Бриансон - Франција (CRET - Centre regional et europeen du tourisme), а истиот е помогнат од владата на регионот Високи Алпи и Министерството за надворешни работи на Франција. Во рамките на семинарските активности, на 6 Јуни (Недела) ќе биде организирана трибина на која ќе учествуваат француски туроператори и новинари од неколку реномирани часописи кои се занимаваат со туризам и активности на планина. Најавено е учество на Чешката и на Бугарската организација на професионални водачи во планина, а се очекува и присуство на официјални преставници од UIMLA - меѓународната организација на професионални водачи во планина. Семинарот е првенствено наменет за лиценцираните водачи во планина (за обновување на лиценците), како и за планинарите кои имаат повеќегодишен стаж и завршена основна планинарска обука и кои сакаат да започнат со обука за професионални водачи во планина. Покрај тоа, на семинарот се добредојдени сите кои се заинтересирани за активно вклучување во планинските туристичко рекреативни активности. Заинтересираните за учество на семинарот треба да се пријават во Македонската асоцијација на интернационални водачи во планина преку следниве контакти: Во наредниот период ќе бидат објавени дополнителни информации во врска со семинарот.
Костантин Циривири, |